Утрово почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 08.04.2020 година во 06 часот и 30 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 155 km југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча, информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.7, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, стои во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.