Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка, најтопло во Штип

Утрово најстудено било на Попова Шапка, каде биле измерени 2 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, 5 степени биле измерени во Kрушево, 6 во Mаврови Анови, Крива Паланка, 7 Прилеп, Скопје-Петровец, Кавадарци, Берово, Лазарополе, 8 Куманово, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Струмица, Демир Капија, 10 Тетово, Битола, Велес, Гевгелија, 11 Штип.

На Попова Шапка има и снежна покривка од 15 сантиметри.

Во текот на денот низ целата држава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.