Утрово до 7 часот изгаснати 26 пожари - гореле депонии, ниска вегетација и шума

Денеска на територијата на државата до 07:30 часот биле регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според последните информации, активни пожари нема, 26 пожари се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола.

Пожарот кој е под контрола е регистриран на депонијата во Делчево.

Во текот на изминатото деноноќие интервенции имало во повеќе општини низ државата. Горела ниска вегетација, грмушки, стрништа, отпад, депонии, а на неколку места биле зафатени и нискостеблеста и деградирана шума.

Пожари биле регистрирани во Петровец, Карпош, Бутел, Гостивар, Тетово, Василево, Кичево, Могила, Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Карбинци, Врапчиште, Сарај, Кисела Вода, Арачиново, Илинден, Центар Жупа, Боговиње, Новаци и Долнени.

Најголем дел од пожарите се однесувале на ниска вегетација и стрништа, а дел биле регистрирани и на депонии или места со отпад.

Од ЦУК засега немаат регистрирано активен пожар на отворен простор на територијата на државата.