Утрово без вода населбата Нерези

Денеска од 9,15 часот прекинато водоснабдување поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата „Ванчо Мицков“ 7, ќе имаат корисниците од населбата Нерези.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата, соопшти ЈП „Водовод и канализација-Скопје“.