Утрото излегла од дома, околу 11 часот телото ѝ било пронајдено во Вардар - МВР со детали за трагичниот настан

Познат идентитетот на жената чие безживотно тело вчера беше извлечено од водите на Вардар кај скопскиот Стадион. 

Вчера околу 11:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.

- Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила, информираа од полицијата. 

Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.