Утрински преглед: Временска прогноза, состојба со сообраќајот, дефекти на вода и струја во Скопје

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во западните делови ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од осум  до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени.

За време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми

Водовдо во текот на денот ќе извести каде ќе нема вода денеска.

Дел од жителите од скопското село Морани од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во временскиот период од 9:30 до 12 часот без струја ќе бидат дел од жителите од селата Долно Соње и Орешани, а од 12:30 до 14:30 часот дел од корисниците од селото Соње.

Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овие утрински часови сообраќајот на сите улици, булевари и крстосници се одвива непречено и без застој, со особено намален интензитет на фреквенцијата на возила. Поголем број возила во овој период од денот ЦУКС евидентира долж булеварот Свети Климент Охридски и улицата Свети Кирил и Методиј кон булевар Мајка Тереза, долж мостот Гоце Делчев во насока на движење од крстосницата со улица Филип Втори Македонски кон булевар Илинден,но и обратно, долж булеварот Kочо Рацин во насока на движење од крстосницата со булевар Кузман Јосифовски Питу кон крстосницата со улица 11 Октомври.
Поради намалената видливост од маглата којашто е спуштена на коловозите на улиците во Скопје, ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни , прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.

(Известувањето се однесува за состојбата во сообраќајот во 8:20 часот, за ден 09.02.2018 петок)