Утрински мисли кои ги имаат само оние кои мразат да стануваат рано

Утрото е најнеомилениот дел од денот за повеќето луѓе, особено сега, кога температурите паѓаат и кога треба да се напушти удобниот кревет.

Доколку се препознавте во оваа реченица, тогаш овие следни мисли сигурно ги помислувате секое утро и ќе ве насмејат. Ова е за сите луѓе кои наутро се кенкави и намќорести. Барем до второто кафе.

„Топ, имам уште две минути до аларм“.

За ранобудниците: Да, две минути ја прават целата разлика на овој свет.“

„Ја мразам музиката на алармот!“

Џабе, колку и да ја менуваш, музиката на алармот секогаш ќе оди на нерви.

„Зошто заглавив толку доцна вчера?“

Знаевте дека сте на работа, а сепак се зачитавте книга, се занесовте на Фејсбук, гледавте серија... и на крај сфативте дека е три часот наутро.

„Дали баш толку ми е потребна работава?“

Во онаа првична утринска мамурност, не само што размислувате за тоа дали работата ви е потребна, туку и си го преиспитувате целиот живот.

„Само уште пет минути“.

5 минути си се 5 минути. Се додека не сфатите дека прошле два часа и дека проклето доцните на работа.

„Не сакам денес да бидам возрасна личност“.

И веднаш си се присеќавате на прекрасните денови од градинка кога се успивавте и уживавте во животот.

„Ми треба кафе, ми треба кафе, ми треба кафе.“

МИ ТРЕБА КАФЕ.

„Додека не испијам кафе, се надевам никој нема да се осмели да ми направи муабет.“

Ама сериозно. Како не ги мрзи да зборат толку рано наутро?

„А да земам боледување?“

Па што има врска, само еден ден е во прашање. Нема да умрат без мене.

„Не сакам да се помрднам.“

Креветов е совршенство.

„Ама навистина е прерано за човек да биде буден.“

Кој беше генијалецот на кој му текна дека луѓево треба од дома да излагаат заедно со петлите?“

„Ова е четврти или петти пат како стискам снуз?“

Знам дека го стиснав неколку пати и знам дека ќе доцнам, ама не можам да си помогнам.

„Ааа си го мразам животов“

Сериозно, зошто, ама зошто морам да одам на работа? *после 5 минути дремење*
Па да, некој мора да плаќа сметки и да купи храна.

„Умореен сум/ Умооорна сум.“

Не можам да ги отворам очите. Зошто сум толку уморен/уморна? Кога остарев толку?

„На креветот му требам и тој ми треба мене.“

Нашата врска е навистина сериозна.

„Леле како ќе спијам кога ќе се вратам дома.“

ХАХАХА. Важи. Сигурно.

„Дај некој нека ми ги скрати маките“.

Како да станам од кревет?

„Чекај, а ова јаве е?“

Ако е – тапа. Сакам да си продолжам да спијам.

„Мразам сѐ и сите ми одат на нерви.“

Не е важно што е и кој е – сѐ ви оди на нерви. Од четката за заби, до првиот човек на кој ќе налетате на улица.