Утринска акција на Град Скопје: Отстранети дивопоставени тезги во Козле, Влае и Аеродром

Градот Скопје денеска во координација со Државниот пазарен инспекторат и МВР, како и со асистенција на ЈП „Улици и патишта“ за утовар, спроведе акција за отстранување нелегални продавачи на улицата „Брадфордска“ во Козле, кај мостот „Влајко“ во Влае и на булеварот „Трета македонска бригада“ во Аеродром.

Во рамките на оваа акција беа запленети над 10 тони стока, која по направените записници од пазарната инспекција беше однесена во Агенцијата за управување со одземен имот.

Градот Скопје изрече вкупно 8 казни на нелегалните продавачи по основ прекршување на Законот за јавна чистота.

new nike air max 2019