Утринава сообраќајка на булевар „Србија“ - турнат и семафор

На булевар „Србија“ кај семафорите во Аеродром во близина на крстот утринава се случи сообраќајка.

Во сообраќајката учествувале две возила, а паднат е и семафор.

Засега не се познати причините за несреќата и нема детали дали има повредени.

Сообраќајот се одвива отежнато и е регулиран од страна на полициските службеници кои се излезени на терен.

Повеќе детали во текот на денот.