На булевар „Србија“ кај семафорите во Аеродром во близина на крстот утринава се случи сообраќајка.
Во сообраќајката учествувале две возила, а паднат е и семафор.
Засега не се познати причините за несреќата и нема детали дали има повредени.
Сообраќајот се одвива отежнато и е регулиран од страна на полициските службеници кои се излезени на терен.
Повеќе детали во текот на денот.