Утре за Водици нема да се фрла крст, но МВР најави зголемено присуство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел до верските заедници и граѓаните да ги почитуваат мерките за претстојниот празник Водици. Како што рече денеска на прес-конференцијата во МВР, за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности. Организирани се со посебни планови за да се спречат собирања, а разговарано е и со МПЦ.

Јас очекувам дека ќе бидеме на висина на задачата и во утрешниот ден. Секако, тој што нема да почитува ќе сноси одговорност, наласи Спасовски.