
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 21 степен, додека максималните ќе се движат од 28 до 36 степени Целзиусови.
За следните денови од УХМР најавија сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
