Утре прекини во снабдувањето со струја и вода на неколку локации во Скопје

Дел од улиците во Скопје и околината утре, петок (30 октомври), ќе останат без електрична енергија или вода поради планирани технички активности и интервенции на водоводната мрежа, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Photo by Nikola Johnny Mirkovic on Unsplash​​​​​​​

Без струја ќе бидат улиците Стојна Стефкова, Јајце и Ордан Чопела во општина Гази Баба, поради работа во трафостаниците ТС 4 и ТС 5. Прекин во електроснабдувањето е најавен и на улицата Корџевска во Драчево, општина Кисела Вода, поради работа на електричната мрежа.

Прекин во водоснабдувањето ќе има и во делови од две скопски општини.

Во општина Чучер-Сандево, поради поставување регулатор за притисок на водоводната мрежа, без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата Призренска и во населбата Кучевишка Бара. Прекинот е најавен од 8:30 часот до завршување на работните активности.

Во општина Карпош, поради изведување водоводен приклучок на улицата Ванчо Мицков број 27, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков и дел од улицата Демир Трајко. Прекинот ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работите.

Од надлежните служби информираат дека прекините се поврзани со планирани технички активности и интервенции на мрежите.