
Поради планирани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, утре делови од Скопје ќе останат без вода и електрична енергија.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради изведување водоводен приклучок со профил Ф-225 мм на улицата „Отокар Кершовани“ бб, кај Амбулантата Бит Пазар, од 09:00 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“ и „Крсте Мисирков“ бр. 14, како и за Амбулантата Бит Пазар.
Прекинот ќе трае до завршување на интервенцијата.
Од ЕВН Македонија, пак, е најавено дека во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „6“ во Бардовци, во општина Карпош.