
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 9 до 20 степени, додека максималните ќе се движат од 26 до 36 степени Целзиусови.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Од УХМР исто така најавија дека ќе следува период на претежно стабилно време. Сепак, во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
