
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (сабота) поради дефект на четири затварачи од ф – 100 мм на раскрсница меѓу улиците Лазар Танев и Казанџиска, без вода ќе останат корисниците од улиците Лазар Танев, Казанџиска, Сали Хасим, Кујунџиска, Архиепископ Ангелари, Макарие Фрчковски и Ќурчиска (општина Чаир).
Прекинот ќе биде во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.