Утре крводарителска акција во Општина Бутел

Следејќи ги потребите на Министерство за Здравство, Општина Бутел и Институтот за трансфузиона медицина, во вторник на 14 април, од 9 до 14 часот ќе ораганизираат крводарителска акција во просториите на Општина Бутел .

Во координација со Институтот за трансфузиона медицина, од општината нагласуваат дека се презедени дополнителни мерки за максимално безбедни услови за крводарување, како што е персонал обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки од Институт за трансфузиона медицина.

„За време на акцијата ќе биде воведен систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите и ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување). Ги повикуваме сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот“, велат од општината.

Додаваат дека Ковид-19 не може да се добие со крводарување.