Утре истекува јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионерите во Центар

Од Општина Центар потсетуваат дека јавниот повик за доделување еднократна парична помош за пензионерите истекува утре.

-Сите вие кои ги исполнувате условите, сте жители на Општина Центар и земате пензија помала од 17.518 денари аплицирајте и бидете корисник на оваа мерка. Исто така потсетувам дека доколку не сте во можност, барањето за повикот може да го поднесе член на фамилијата или друг баш близок. Општина Центар ќе продолжи да вложува кај граѓаните кога им е најпотребно - истакна градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски.

Јавниот повик можете да го најдете на овој линк.