Утре и задутре во Штип ќе се одржи 16. издание на манифестацијата „Пастрамалијада“.
Како што беше соопштенео на прес-конференција новата локација за оваа манифестација е улицата „Ванчо Прќе“, а со голем број гости и изведувачи, пастрмајлии и добри вибрации се очекува масовна посетеност и одлична забава.
И годинава ќе се одржи традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија, како и натпревар во брзо јадење.
- Имаме одлични изведувачи, пред се македонски изведувачи. Имаме и нова локација, ова е трета локација по ред на улицата „Ванчо Прќе“. Мислам дека ќе биде најдобро оваа година, оти ќе биде во центарот, ќе биде масовно и ќе има мнолгу вибрации, вели Миро Кацаров кој е дел од организацијата.
Македонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од пастрмалијадата, со што ќе се понуди забава за сите генерации од седум до 77 години.
- Петок настапуваат Антонија Гиговска, Дани Димитровска која се прослави на „Макфест“, ФИС бенд и ѕвезди на вечерта се Лексингтон бенд. Саботата се Дупер бенд, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо, информираше Кацаров. Годинава за првпат ќе има и денски забави на едносмерната улица, традиционално околу 30 тезги кои ќе нудат пастрмајлии и пијалоци.