Утре и задутре ниски утрински температури под -10 степени

Ниски утрински температури се очекуваат утре и задутре. Наместа ќе се спуштат и под -10 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре утринските температури ќе се спуштат до -13 степен, а во четврток до -11 степен.

Синоптичарите за утре најавуваат стабилно и суво време кое ќе се задржи и во текот на следните денови до петок кога веќе по одделни котлини ќе има магла, а од недела попладне се очекува повремен локален дожд.