Утре без вода повеќе скопски улици

Подгответе се за прекин во водоснабдувањето утре во делови од главниот град. 

Од скопски Водовод информираат дека утре (четврток) поради дефект на затворач ф-300 мм на ул.Женевска бб (последна 24-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхломска, Гаврил Лесновски и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од мост ОН до Московска).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.