Утре без вода овие делови од Скопје

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека на утре (вторник), поради дефект на водоводна цевка со профил Ф-200 мм на улицата „Васил Ѓоргов“, спроти Заводот за вработување, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош.

Прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до целосното отстранување на дефектот.