Утре без вода неколку локации во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација, Скопје, известуваат за прекини во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден. 

Имено, од таму информираат дека утре (27.09.2022г.), поради уличен дефект ф-175 мм на бул. Крсте Мисирков 9, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Чаирска, дел од Отокар Кершовани и дел од комплексот „УКИМ“, односно Економски Факултет и Ректоратот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот, соопштија од ЈП Водовод и канализација, Скопје.