Утре без вода делови од скопски Карпош

Поради дефект на водоводна мрежа и негово остранување утре без вода ќе бидат корисниците од делови од скопската Општина Карпош.

– Поради дефект на водоводна мрежа со пречник 100 мм на ул. „Виенска“ бр. 8, утре со почеток од 09:00 часот до отстранување на дефектот, без водоснабдување ќе останат корисниците од истата улица, од ул. „Нобелова“ и делови од улиците „Хелсинки“, „Варшавска“ и „Лондонска“, во Општина Карпош.