Утре без вода дел од центарот на Скопје

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (26.05.2022г) поради уличен дефект ф -80 мм на Јордан Хаџиконстантинов Џинот 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, дел од бул. Илинден и дел од Аминта Трети (потегот околу градски парк).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.