Утре без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информира дека утре се планирани следните технички зафати во електро-системот на градот Скопје:

Во периодот од 09:00-15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул.Франце Прешерн. (општина Карпош)
Во периодот од 09:00-12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од с.Маркова Сушица (место викано Вршник). (општина Студеничани)
Во периодот од 09:00-14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од селата:Танушевци, Малино и Брест. (општина Чучер-Сандево)
Во периодот од 09:00-12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Кара Трифун, ул.Пандо Кљашев, ул.Малина Попиванова, дел од ул.Караџица, дел од ул.Милан Мијалковиќ, ул.Пржино. (општина Чаир)