Утре без струја делови од Лисиче, Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре (вторник, 27.09.22), без електрична енергија ќе останат:

-Во периодот од 8 до 14 часот, корисниците од ул.„Тодор Чангов - 24“ (Лисиче)

-Во периодот од 8 до 15.30 часот, корисниците од  ул.„Ениџе Вардарска“, ул.„Чедомир Кантарџиев“, дел од ул.„Серска“ (Кисела Вода)

-Во периодот од 9.30 до 14 часот, корисниците од ул.„Веселин Маслеша“, бр.3, Влез 1 и 2 (Карпош).