Утре без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров и Центар

Утре без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров и Центар, информираат од РЦУК Скопје.

Без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Орман во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од ул. „Мајка Тереза“ бр.12 и бр.20 во општина Центар.