Утре без струја дел од една скопска општина

Поради планиран технички зафат во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ и Чајлане во Општина Сарај.

Како што соопштија РЦУК Скопје по известување добиено од  „ЕВН Македонија” АД прекинот во електроснабдувањето ќе биде во периодот од 10.00 до 11.00 часот.