Уставниот суд утре ќе одлучува за ДУП во Центар, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно

Уставниот суд утре на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

На седницата која се одржа на 16 ноември 2022 година Уставниот суд поведе постапка и во меѓувреме го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведе таканаречена „времена мерка“.

Уставниот суд поведе постапка за Одлуката со која е донесен ДУП-от, изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на Одлука со 11 гласа „за”.