Уште се казнува за неносење маска каде тоа е потребно

Коронавирусот во светот се појави пред речиси две години, а пред околу една година и девет месеци беше регистриран првиот случај и во Македонија. 

Носењето маска е една од првите мерки кои беа препорачани уште од самиот почеток. Во даден момент беше задолжителна дури и на отворено, а сега е задолжителна во затворени простории и во возила на јавен превоз, такси, продавници, маркети, трговски центри...

Но и покрај тоа, полицијата секојдневно евидентира настани на неносење маска, а во текот на вчерашниот ден биле забележани 11 такви случаи.