Уште неколку дена ќе уживаме во сончевите утра

Времето во земјава ќе биде сончево со слаб јужен ветер. По одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има услови за појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, наутро со слаба магла, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 17 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник.