Уште не е завршено со корона вирусот

Во светот со корона вирусот се заразени 14.799.128 лица, а досега се регистрирани вкупно 646.262.639 случаи на заразени, објави статистичкиот портал „Ворлдометар“.

Досега оздравени се 624.826.934, а починале 6.636.577, податоците се до 9:00 часот.

Светската здравствена организација забележува дека податоците за бројот на опоравени не се прецизни, бидејќи не сите земји испраќаат ажурирани списоци.

Најмногу заразени со корона вирусот има во САД, Индија, Франција, Германија, Бразил и Јужна Кореја,пренесе Блиц.рс.