Уште една жена измамена од гинекологот од Скопје - ОЈО со нова истрага

Основното јавно обвинителство води истрага за уште еден случај во кој гинекологот Николче Дамчевски е обвинет од пациентка која ја лажел дека е бремена, дознава НОВА.

Најверојатно станува збор за жена која долго време не можела да остане бремена, па помош побарала кај Дамчевски.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје се води уште eден предмет против лицето за кое покажувате интерес. Предметот се однесува на истородно кривично дело со она за кое лицето беше осудено со првостепена пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје. По предметот активно се постапува и се преземаат дејствија во насока на утврдување на фактите. Обвинителството во овој момент не е во можност да изнесе повеќе детали.

Тој пред 4 дена беше осуден на ефективна затворска казна од 1 година и 6 месеци затвор и забрана за вршење дејност во траење од осум години, бидеќи лажел пациентка дека е бремена со месеци.