Уште една трагедија во Скопје, загина пешак на мост „Гоце Делчев“

На мостот Гоце Делчев се случи сообраќајна несреќа, во која, според Алсат-М, едно лице го загуби својот живот. 

Се работи за пешак кој бил прегазен од возило. 

Во него, според првичните информации, удрило возило „БМВ Х5“со кумановски регистарски таблички.

Полицијата е на местото на настанот, повеќе информации околу несреќата се очекуваат во текот на денот.