Уште една комунална „честитка“ од дождливото Скопје

Неправилното исфрлање на ѓубрето во главниот град станува сериозен проблем за сите. Секојдневно во групата Ѕид на комуналниот срам се објавуваат фотографии со слична содржина, ѓубре и шут оставени покрај контејнери. 

Денеска во близина на Центарот за странски јазици, покрај картонските кутии оставени покрај контејнерите, капакот на едниот од нив е отворен поголем дел од денот. 

Со оглед на тоа што времето цел ден е врнежливо, многу е лесно картонот да се распадне поради влагата и нечистотиите да се разнесат на уште поголеми површини. Иако често се повикуваме на комуналните служби во вакви ситуации, не можеме, а да не се запрашаме дали поголем проблем е човековата (не)совесност при исфрлање на отпадот?