Уште една Јапанорама во МКЦ

По претходната 44-та Јапанорама која се одржа пред помалку од месец и Хараџуку косплејот кој беше таму прикажан, кој стигна до светски најпосетуваните забавни портали како Buzzfeed, МКЦ ја угостува 45-тата по ред Јапанорама:Cosplay Day. Недела, 3 попладне, ресторан-клубот на МКЦ.

Настанот ќе го вклучува и стандардниот избор за најдобра маска(косплеј), а организаторите ветуваат и интересни награди. Изборот ќе биде поделен во два дела, така што еден од победниците ќе го одреди жирито, а другиот публиката. Она што го прави различно овој косплеј натпревар ќе биде гостувањето на познати професионални косплеери од Србија. Се работи за Исидора(Faresha Cosplay), Јована(Teneshi) и Владимир(Endymion Craftsmanship&Cosplay).

Тие ќе одржат кусо предавање во врска со косплеј културата и начинот на изработка на костимите. Пријавување за изборот се прави однапред, а услов е кандидатот самиот да го има изработено костимот и ќе биде обврзан да објасни како. Маските не се ограничени на ликови од јапонските аниме и манга, а ќе се подразбира и перформанс на сцена со кој ќе го долови ликот.  Настанот, како и претходните е од отоврен тип за сите заинтересирани, дури и оние кои не планираат да се маскираат. Влезницата, заедно со консумација чини 100 денари.

Распоредот за целиот настан е следниот:

15:00-Собирање
16:00-Проекција на серијата Seitokai Yakuindomo
17:00-Пауза за дружење
18:00-Трибина и предавње за Cosplay културата
19:30-Почеток на перфомансот
20:30-Избор за најдобар косплеј