Уште еден велосипедист почина на скопските улици: Бил прегазен од „форд фокус“

На 04.12.2021 во 01:30 часот било пријавено дека во Скопје, на улица „Маџари“, патничко возило „Форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје.

Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.