
37-годишна скопјанка пред својот дом во Ѓорче Петров пронашла заталкано зрно од оружје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, К.Б.(37) од Скопје пријавила дека пред домот на подрачјето на Ѓорче Петров, пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку, вчера исто така друга скопјанка била погодена од заталкано зрно во пределот на рамото, по што завршила на Поликлиниката Драчево.