Урнебесни коментари по забраната за движење во шумите: Очекувајте пад на наталитетот!

Граѓаните зачудени, тешко е да се разбере дека некој го ограничува движењето и спортувањето во сред лето, особено во парк шума како Водно. Но, веројатно лошото информирање од страна на државните институции си го направи своето, па и покрај тоа што движењето на Водно е дозволено, граѓаните се уште имаат дилема околу тоа.

Вчера, објавивме информација и фотографии од Средно Водно на кои се гледа драстично помалку рекреативци од еден обичен петок и едно попладне после работа.

Официјалните информации велат дека забраната не се однесува за парк шумата „Водно“ и дека граѓаните можат слободно да се движат во овој дел од градот. 

Информацијата која ја објавивме на Скопје Инфо беше причина за низа коментари. Во дел од нив граѓаните реагираат за оваа непромислена одлука, а дел од нив одат во хумористична насока. Скопјани прашуваат каде сега ќе се излегува во доцните вечерни часови и како тоа ќе влијае на наталитетот во градот.