УПАТСТВО: Еве како да се пријават и гласаат лицата кои се позитивни на коронавирус и кои се во самоизолација

Лицата кои се наоѓаат во домашен карантин заради позитивен тетс на Ковид-19 или им е одредена изолација со издадено решение, право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори ќе имаат на 13 јули.

Известувањето дека ова лице сака да гласа се доставува до општинската изборна комисија во местото каде лицето позитивно на Ковид-19 или во самоизолација постојано живее.

Ваквото известување се доставува преку полномошник или по електронски пат. Во прилог на ова известување лицето ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да достави копија од решението за карантин или самоизолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат најдоцна до 8 јули 2020 година до 24 часот.

Известувањата кои нема да ги исполнуваат условите кои се наведени нема да бидат прифатени од Општинската изборна комисија.

Избирачките одбори кои ќе го спроведуваат овој дел од гласањето на избори ќе бидат составени од тројца здравствени работници, пти што политичките партии имаат право да именуваат члн во посебниот избирачки одбор.

Лицата позитивни на Ковид-19 во каранти и лицата во самоизолација гласањето го вршат во својот дом според местото на живеење.

Што се однесува до посебниот избирачки одбор, тој при ваквите гласања треба да користи посебна гласачка кутија, а со себе да носи:

-Гласачки ливчиња колку што има пријавени гласачи од избирачките места

-Изводи од ИС во зависност од колку избирачките места има пријавени гласачи

-Шаблон – Браева азбука

-граничник за потпис или отпечаток

-УВ спреј и УВ ламба

-плик за секој гласачко ливче

-список на пријавени лциа сортирани по избирачко место

-перниче со мастило

-заштитна опрема

Детално целото УПАТСТВО може да го прочитате ТУКА