Универзумот секогаш има план за нас

 

Што и да ни се случи не е случајно, така што луѓето што ги среќаваме и кои влегуваат во нашите животи не се случајност, туку важен настан и план што Универзумот го има за нас.

Колку пати сте помислиле дека случајно запознавте некого? Дека случајно сте ги запознале тие луѓе, а тие влегле во вашиот живот или ви кажале нешто што ве натерало да размислите... Знајте дека случајности не постојат и дека сè што се случува се случува со причина. Личноста која се појавила во вашиот живот е важна затоа што носи одредена порака што Ви ја испраќа Универзумот. Тоа може да биде тест за вас, вашиот карактер, вредности и принципи или некоја тајна што треба да ја откриете, лекција што треба да ја научите.

Во комуникацијата со тие луѓе, може да научите нешто важно за себеси или нешто за кое никогаш порано не сте знаеле. И благодарение на оваа случајна средба, можете да станете посилни, попаметни, помудри, да стекнете ново искуство. Сè што се случува, без разлика на тоа дали е убаво или грдо, во некоја смисла нè трансформира. После едно вакво искуство, повеќе не сме истите. 

Затоа, сè што правите и сè што ви се случува е подарок! И така треба да гледате на тоа. Како нешто што ви е дадено со причина, а кога ќе го разберете тоа, животот ќе добие смисла, нова димензија. Нема секогаш да биде лесно, ќе се случуваат работи кои се тажни, но има причина за тоа. Универзумот секогаш има план за вас.