Уморна сум од животот, уморна сум од постојано удирање со глава во ѕид...

Уморна сум. Искрено ви кажувам.
Уморна сум од животот. Уморна сум од тоа да се надевам во подобро утре.
Уморна сум да станувам секој ден од кревет и да се соочувам со животот. 

Јас сум силна личност. Не сум личност која се жали без потреба. Ама не можам повеќе. 

Не можам повеќе да се смеам. Не можам повеќе да ја раздавам и оваа минимална енергија која ја имам, доволна колку да можам да го протуркам денот.

Цело време ми се плаче, ама уморна сум и за тоа, не можам ни да заплачам.

А немам никого. Имам, ама немам. 

Само празнина имам во душава. Празнина и осаменост. И молк. 

И ме боли душава, вришти внатре во мене. 

А јас сум само уморна. Само сакам тагава да престане...

Дури и насмевката ми е тажна. Очите ми се тажни. 

Вака не се живее, а треба уште долго да се издржи...