Уметноста да ги привлечеме вистинските луѓе во нашиот живот...

 

Кога сакате да запознаете нови, но „вистински“ луѓе и решавате да отидете на некој настан каде околу вас има многу непознати луѓе - што да правите? Кога чувствувате дека не сте задоволни од квалитетот на дружењето со луѓето со кои поминувате најмногу време - што да правите? Кога ќе се чувствувате подготвени да ја пронајдете вашата сродна душа - што да правите?

Откривањето и запознавањето на вистинските луѓе не е лесно, но не е ниту комплицирано - ако повеќе верувате во работата на себе отколку во случајноста, ова е вистинскиот текст за вас!

1. Бидете она што навистина сте, а не она што другите ви велат да бидете.

Честопати нашите желби се усогласени со очекувањата на општеството, а не со она што навистина го сакаме. Дали згоден партнер ви е главен приоритет? Што е со смислата за хумор?

Дали навистина сакате богати клиенти, оние за кои би требало да работите дење и ноќе? Или можеби порелаксирана атмосфера, со малку помалку заработени пари, сепак би функционирала подобро?

2. Замислете ги вашите идеали и бидете конкретни.

Не можете да го добиете она што го сакате ако најпрво не знаете што сакате. Почнете да размислувате за тоа какви личности сакате да привлечете во вашиот живот. Запомнете, вие сте оние кои ги поставуваат правилата, така што само небото е граница.

Бидете прецизни за сè. Кога ќе дознаете што барате, тогаш е поголема веројатноста да го најдете тоа што го барате.

3. Усовршете се во отфрлањето на оние луѓе кои не ви одговараат

Најчеста бариера за привлекувањето нови луѓе во нашите животи е тоа што се трудиме да им угодиме на сите. Ако сакате сите да бидат среќни и задоволни, тогаш никому не му се обраќате на посебен начин…

Кога сте тоа што сте, некои луѓе неизбежно ќе бидат отфрлени. И тоа е добра работа. Откако ќе почнете да ги „сечете од корен“ односите со луѓето кои не ви одговараат, ќе направите простор за вистинските луѓе кои допрва треба да влезат во вашиот живот.

4. Дозволете им на другите да ве најдат

Размислете за тоа на овој начин: вие сте светилник што ги „повикува“ бродовите. Ако вашата светлина не свети доволно силно, никој нема да може да ве најде. Значи, „отворете се“. Создавајте ситуации за да можат другите да ве најдат. Дајте им шанса на вистинските луѓе да ве пронајдат.

5. Бидете отворени за сè што е пред вас

На крајот на краиштата, работата или љубовта можеби нема да дојдат во формата што ја очекувате. Но, не тоа не е нешто лошо. Ако се претставувате на автентичен начин, ако се претставувате онакви какви што навистина сте, обрнете внимание на луѓето кои влегуваат во вашиот живот.

Понекогаш оние што ги привлекуваме можат да нè научат многу работи во врска со нас, работи што не сме ги знаеле или забележале порано. И може да биде подобро отколку што очекуваме.

Во ова конкретно време, има барем една личност која бара некој како вас. Без разлика дали се работи за клиент, емотивен партнер или пријател - некој се обидува да ве најде. Дајте им шанса. Бидете автентични. Покажете им на луѓето точно кои сте за да можат подобро да ве запознаат!