Улици од Карпош и дел од Љубанци денеска без вода

ЈП „Водовод и Канализација“ информира дека денеска (31.03.2023 година) дел од општина Карпош ќе остане без вода.

-Поради поврзување на нова водоводна мрежа од ф-100 мм на расксницата меѓу улиците „Гиго Михајловски“ и „Новопроектирана“, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците „Гиго Михајловски“, „Иван Аговски“, „Руѓер Бошковиќ“, „Даскал Камче“, како и дел од корисниците од ул. „Франклин Рузвелт“ лоцирани на потегот од бул. „Партизански Одреди“ до ул. „Орце Николов“, информираат од претпријатието.

ЈП „Водовод и Канализација“ информира дека денеска без вода ќе биде ископското село Љубанци.

-Поради уличен дефект од ф - 110 мм во село Љубанци под резервоарот, во периодот од 09.00 часот па сè до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Љубанци, информираат од претпријатието.