Улици од Карпош денеска без струја, ќе има прекини и во водоснабдувањето на овие локации

Од ЈП Водовод и Канализација-Скопје известуваат дека денеска (петок) ќе има прекини во водоснабдувањето: 

- поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности

- поради уличен дефект ф-150мм на ул.Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. 

Од ЕВН Македонија АД добивме известуваат дека денеска (петок) без електрична енергија ќе останат:
- во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ (општина Карпош).