Улици и основно училиште од Скопје утре без вода

Од скопски Водовод известуваат дека утре (среда) поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.