Улични кучиња нападнале маж и жена во Драчево

Вчера биле регистрирани два напади од улични кучиња во Драчево.

Најпрво во 01.30 часот во Полициската станица Драчево, В.Д.(57) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ била касната од куче скитник.

Потоа во 16.15 часот во Полициската станица Драчево, В.Ѓ.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Антон Димитров“ бил каснат од куче скитник.