Улични кучиња нападнаа две лица во Скопје

Вчера биле регистрирани два напади од улични кучиња во Скопје.

Најпрво во 09.20 часот во Полициската станица Кисела Вода Л.К.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

Потоа во 16.20 часот во Полициската станица Драчево Н.Џ.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Антон Димитров“ била касната од куче скитник.