Уличен дефект остави делови од Радишани без вода

Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 5/4”(цола) на ул.1558 во населба Радишани, прекинато водоснабдување ќе имаат делови од оваа скопска населба. 

Без вода ќе бидат корисниците од ул.1558 и дел од корисниците од ул.Ѓоре Ѓоревски, а прекинот ќе трае од 10:45 часот до завршување со санација на дефектот.